ФАО: Цените на храната пораснале рекордно, најмногу поради војната во Украина

Од:

Цените на прехранбените производи, како растителното масло и житариците, постигнале рекордно ниво во изминатиот месец, соопштија денеска од ОН.

„Со тоа постои закана од глад и неухранетост на милиони луѓе во Африка и на Блискиот исток“, се наведува во соопштението.

Причината за така високите цени на храната во основа е поради „огромните прекини во снабдувачката“, поврзани со војната во Украина.

Организацијата за храна и земјоделие на ОН (ФАО) изјави дека нејзиниот индекс на цени на храната што ги следи месечните промени на цените на кошничка производи минатиот месец бил во просек 159.3 поени, што е за 12.6 отсто повеќе од февруари. Притоа, февруарскиот индекс веќе бил на највисоко ниво од 1990 година, од кога се објавува индексот.

Од ФАО изјавија дека војната во Украина е причина за покачените цени на житариците како пченицата, овесот, јачменот, но и пченката.

Русија покрива 30 отсто од светската побарувачка на пченица, додека Украина покрива 20 отсто од светската побарувачка на пченица и пченка соодветно. Двете земји сега не ги извезуваат овие производи. Русија поради внатрешна забрана од страна на Москва, Украина поради инвазијата на руските сили, прекинот на транспортот, но и прекинатата сеидба во источните делови на земјата.

Околу источната граница на Украина и Русија се наоѓа „црноземје“, огромна плодна област каде се одгледуваат житарици и секакви други земјоделски производи.

Од ФАО велат дека поради мошне високите цени на прехранбните производи земјите треба да преземат итна акција тие да се намалат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи