Фановите на Трамп се подготвени: Нема да дозволиме да ги украдат изборите

Од:

Доналд Трамп ја посети една од последните станици на неговата предизборна турнеја, Северна Каролина. Таму се сретна со бројни гласачи кои имаат намера да гласаат за него, а повеќето од нив воопшто не се сомневаат во победата на Трамп.

Вики Вестбрук, 55-годишна мајка на пет деца и баба на две внуци, изјавила дека Камала може да победи на изборите само со мамење, пренесува Гардијан. Таа исто така изрази уверување дека токму така Бајден победи на претходните избори, поради што републиканците се бесни.

„Дојдовме до точка кога повеќе нема да го толерираме ова. Републиканците нема да дозволат двапати да се крадат избори“, рече Вестбрук.

Ова мислење го делат многумина, а оправдани стравувања за тоа што ќе се случи и како ќе реагираат републиканците доколку Камала навистина победи, се повеќе се слушаат во медиумите.

На прашањето дали ќе реагира бурно доколку не е задоволна од резултатите на изборите, Вики Вестбрук изјави дека не ја сака портокаловата боја и не може да си дозволи да оди во затвор со оглед на тоа што има деца. Сепак, таа е убедена дека меѓу нејзините политички поддржувачи има многу кои нема така љубезно да го прифатат поразот на нивниот кандидат.

Со нив се согласува и самиот Трамп, кој вчера им порача на приврзаниците собрани во Пенсилванија дека и пред четири години не требало да ја напушти Белата куќа, туку напротив да реагира на „неправдата“.

И другите собрани на митингот во Северна Каролина го делат мислењето на Вестбрук, па триесет и осумгодишниот Афроамериканец Седрик Пернес потврди за Гардијан дека и тој е убеден дека ќе има масовни немири и протести доколку Трамп загуби.

Очекувањата на републиканските гласачи се големи, а ги подгрева самиот Трамп, кој упорно тврди дека има голема предност на анкетите, иако медиумите со недели тврдат дека кандидатите се прилично изедначени.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски