Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави дека британскте воени сили ќе имаат водечка улога во раководењето со специјалните елитини сили на НАТО, што се создаваат во Источна Европа.
Британците ќе учествуваат со илјада војници и со четири борбени авиони „Тајфун“ за воено патролирање во земјите од регионот, за да се „неутрализира руската закана кон балтичките држави“.
Создавањето на овие специјални мултинационални сили претставува најголемото преуредување на колективната одбрана во Европа од завршувањето на Студената војна.
– Досегашните празни зборови и острата реторика сега мора да се заменат со вистинска акција, изјави Фалон.
Британскиот и другите министри од земјитечленки на НАТО во Брисел расправаат околу создавањето на специјална единица на „специјлано подготвени здружени сили“ (ВЈТФ), што треба да претставуваат одговор на Алијансата, доколку некоја од членките биде загрозена од странски агресор.
Оваа специјална единица ќе има пет илјади војнци, а ќе се уредат и два командни центари во Полска и во Роамнија, со учество на британската, полската, бугарската и романската армија.
Британските „Тајфуни“ ќе патролираат заедно со норвешки авиони над Балтикот во „полициска“ мисија на надгледување на воздушниот простор на земјите од тој регион, затоа што Летонија, Литванија и Естонија немаат сопствени авиони за воздушна одбрана.