Британскиот министер за обрана Мајкл Фалон изјави дека светот стана опасен каков што беше и за време на Втората светска војна, а улогата на злогласните нацисти ја презедоа Русија и Исламска Држава.
Како што пишува весникот „Дејли мејл“, Фалон смета дека од круцијална важност е Велика Британија да почне да се подготвува на одговор на се поголемиот број закани на различните локации.
Во објавата на планот за работа на Министерството за одбрана за следните пет години, министерот Фалон истакна дека не смееме да бегаме од фактот дека светот е подеднакво опасно место како што бил за време на Втората светска војна.
-На Блискиот исток се извршуваат злосторства и има окрутност, додека на работ на Европа агресивната Русија води борби со Украина и НАТО. Заради овие закани нужно е на време да одговориме на кризните ситации и тоа истовремено на повеќе места, рече Фалон и додаде дека Владата прави се за да ја осигура безбедноста и просперитетот на сите жители на Велика Британија.
Битанскиот премиер веќе најави дека нема да ги намалува британските трупи на странските боишта. Најави и обновување на Тридентскиот нуклеарен систем за одбрана и почнување со развојот на новата генерација на воени подморници.