Фалон: Лондон нема да помага за нов шкотски референдум за независност

Од:

Во текот на мандатот на актуелниот британски Парламент официјален Лондон нема да и помага на Шкотска во организирање на нов референдум за отцепување од Обединетото кралство, изјави денеска британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, цитиран од британските медиуми.

– Не, забравете на тоа, изјави тој во интервју за шкотскиот весник „Хералд“, како одговор на прашањето дали би помогнал во организирање на нов референдум.

Во друго интервју на истата тема, овој пат за Би-Би-Си, на прашањето за Шкотска тој изјави : „Јасно порачавме дека нема потреба од нов референдум“.

Според него, Никола Старџен, премиерот на регионалната влада на Шкотска и лидер на движењето за отцепување од Велика Британија, треба да го почитува резултатот од референдумот во 2014 година, на кој 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа за останување во Обединетото кралство.

Старџен на Твитер напиша дека Лондон ќе донхесе „катастрофална одлука“ доколку го блокира организирањето нов референдум за независноста на Шкостака.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година