„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Од:

Американските разузнавачки служби активно ѝ помагаат на Украина да планира напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта, обезбедувајќи информации што им овозможуваат да ги заобиколат системите за воздушна одбрана, пишува британскиот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на високи украински функционери.

Според весникот, Вашингтон ѝ обезбедува на украинската страна информации за најповолните рути на летови за беспилотните летала со цел да ги зголеми шансите тие да стигнат до цели длабоко на руска територија.

Како што се нагласува, таквата соработка е една од причините зошто украинските напади врз руската енергетска инфраструктура станаа многу поефикасни во последните месеци.

Податоците од полската аналитичка компанија „Рочан Консалтинг“, објавени од „Фајненшл тајмс“, покажуваат дека од почетокот на 2026 година, украинските беспилотни летала погодиле руски рафинерии најмалку 194 пати, што е 11 пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Само во мај се регистрирани 16 успешни напади, што претставува најголем месечен број напади врз такви цели од почетокот на конфликтот.

Конрад Музика, директор на „Рочан Консалтинг“, оцени дека украинската стратегија значително се променила.

„Кампањата за удари еволуираше од релативно ограничени операции против нафтената инфраструктура во поширока стратешка кампања насочена кон истовремено ослабување на енергетските, логистичките, индустриските и извозните системи на Русија“, рече Музика.

Во последните месеци, украинските сили сè повеќе користат беспилотни летала со долг дострел за да погодат цели стотици километри во Русија. Рафинериите, складиштата за гориво, транспортните центри и воената индустрија се првенствено цел на нападите, со цел намалување на приходите од извоз на енергија и отежнување на снабдувањето на руската војска.

„Фајненшл тајмс“ објавува дека, покрај украинските капацитети, разузнавачката поддршка од западните сојузници игра значајна улога во овие операции.

Додека некои западни земји продолжуваат воено да ја поддржуваат Украина и во разузнавањето, критичките гласови се повеќе се слушаат во Европа.

Француските политички кругови неодамна ги критикуваа украинските напади врз цели во Русија, оценувајќи дека продолжувањето на конфликтот претставува дополнителен товар за европската економија и безбедност.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН