Фајненшл Тајмс: Тереза Меј не ќе може да го спроведе процесот на Брегзит

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј не ќе може да го спроведе процесот за излегување на Британија од ЕУ, со сегашниот состав на Парламентот во кој таа и нејзнините конзервативци немаат мнозинство, но и затоа што постои поделеност во владиниот кабинет, пишува „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на изјави на неименувани британски дипломати.

Овие извори за весникот рекле дека понудата на Меј до европските лидери на Самитот на ЕУ, околу можноста мигрантите од Унијата да останат во Британија, само ја покажува нејзината „слаба позиција и исплашеноста“ во обидот на Лондон да ја поврати иницијативата околу Брегзит.

Проториевскиот „Дејли Меил“ кој станува критичен кон Меј по нејзниниот неуспех на предвремените парламентарни избори на кои таа го загуби мнозинството во Парламентот, ја користи вчерашната понуда до ЕУ за мигрантите од земјите членки, за да констатира дека таа ќе остане во Даунинг стрит 10 додека не заврши процесот за Брегзит.

Британската јавност е изненадена што премиерот Меј се определи, само пет денови по отворањето на преговарачкиот процес за Брегзит, да реагира со понуда до ЕУ за прашање кое во Брисел е прво на агендата за преговорите.

Според анализите во медиумите, тоа претставува обид на премиерот да ги задржи за себе проевропските конзервативци после изборите, на кои Британците покажаа страв и резереви за иднината по напуштањето на ЕУ.

Проопозициските весници ,меѓутоа, сметаат дека брзата реакција на Меј е резултат на притисокот на кој таа е изложена за преземање „помалку борбена позиција“ кон Унијата.

Тоа треба да значи дека Лондон навистина сака да има пријателски односи со ЕУ, откако целосно ќе се повлече , па затоа и уследила оваа „великодушна“ британска понуда за останување на европските мигранти, во Британија.

Медиумите кои ја предводеа антиевропската и антиимиграциската кампања, пред референдумот, што се одржа на денешен ден пред една година, тврдат дека Меј и Британија не биле попустливи кон Брисел и дека таа , всушност, се закани за оти ќе бидат „протерани новодојдените мигранти“ од ЕУ, доколку земјите членки на Унијата инсистираат, Европскиот суд за човекови права да се „меша во британските работи“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски