Фајман бара затворање на сите маршрути за бегалците

Од:

Австрискиот канцелар Вернер Фајман денеска изјави дека пропуштањето на бегалците е минато и дека мора да се затворат сите маршрути, јави Танјуг.

На седница на австрискиот Парламент, посветена на бегалската криза, Фајман подвлече дека Австрија ќе остане одлучна во примената на својата нова политика кон бегалците.

Фајман вети и дека нема да дозволи, заради договорот ЕУ-Турција, да се откаже од сопствените вредности.

– Не смее да се добие впечаток дека Европа се предава, нагласи вицеканцеларот Рајнхолд Митерленер.

Фајман укажа на неопходноста од постигнување договор со Турција, додавајќи дека не постои можност на соседот нешто да му се врати доколку тој тоа не го прифаќа, а тоа важи и за тешките соседи како што е Турција.

– Доколку не се постигне договорот со Турција, неопходно ќе биде под контрола да се стават милион или повеќе бегалци во Грција, смета тој.

Митерленер подвлече дека балканската маршрута треба да се држи затворена и апелираше до хуманитарните организации да не даваат лажни очекувања, а ја повика Грција бегалците да не ги пропушта кон македонската граница.

Фајман и Митерленер го повторија својот апел до Германија конечно да излезе во јавноста со горната граница за прифат на бегалци.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он