Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус денеска изјави дека се укажува на тоа дека сирискиот режим стои зад хемискиот напад во близина на Дамаск, при што загинаа стотици лица.
Сите информации со кои располагаме укажуваат на тоа дека е извршен хемиски масакар во близина на Дамск и дека за тоа е одговорен режимот на Башар ал Асад, изјави Фабиус, кој се наоѓа во посета на Рамала, на Западниот брег.
Владата на претседателот Башар ал Асад ги отфрли тврдењата дека употребиле хемиско оружје, наспроти обвинувањата на опозицијата дека 1.300 луѓе се убиени во таквите напади.