Фабиус: Не треба да одиме во војна со Русија

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус ја исклучи можноста од војна со Русија поради Украина, но предупреди на нови санкции кон Москва, ако се обиде да ги наруши претседателските избори во Украина на 25 мај.

– Не можеме да прифатиме анексија или фактот дека Украина ќе биде контролирана, или дека на неа ќе биде извршена инвазија, изјави Фабиус за „Вашингтон пост“.

Од друга страна не треба да одиме во војна со Русија. Меѓу овие две работи за вршење притисок имате дипломатија и санкции, нагласи францускиот минситер.

На прашањето дали врз Москва ќе бидат воведени уште санкции, Фабиус одговори дека тоа ќе зависи од реакциите на Москва на претседателските избори во Украина.

– Ако бидат преземени акции за спречување на изборите или прогласување на изборите за неважечки, ние ќе воведеме санкции, нагласи Фабиус.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина