Извештајот на инспекторскиот тим на ОН за употребата на хемиско оружје во Сирија најверојатно ќе биде објавен во понеделинк, соопшти денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.
– Тој ќе констатира дека имало напад со хемиско оружје (во Сирија) и сигурно ќе содржи индикации за сторителот на крвавиот масакр, рече Фабиус.
Шефот на француската дипломатија потенцира дека „имајќи го предвид фактот“ дека само сирискиот режим има резерви на хемиско оружје, средства и мотиви, лесно може да се извлече заклучок кој стои зад нападот.
Фабиус и досега во неколку наврати одговорноста за нападот со хемиско оружје, што се случи во едно предградие на Дамаск на 21 август, им ја припишуваше на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад.