Фабиус: ИД и Башар Асад се две страни на иста паричка

Од:

Францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус ги повика денеска коалициските сили, кои се борат против групата Исламска држава (ИД) во Сирија, да им помогнат на бунтовниците во Алепо во борба против режимот на  Дамаск, оценувајќи дека екстремистите и сирискиот режим се „две страни на иста паричка“.

Шефот на француската дипломатија смета дека борбата на коалициските сили против ИД не треба да ја исклучи поддршката на бунтовниците во нивната борба против режимот на претседателот Башар ал-Асад кој, според Фабиус, намерно поттикнува напредок на џихадистите.

– По Кобане, мораме да го спсиме Алепо“, порача Фабиус, додавајќи дека тој град е „речиси целосно под опсада“.

Според него, околу 300.000 жители на Алепо се соочени „со истата смрт и разорување, кои режимот им ги предизвика на Хомс и предрадијата на Дамаск“.

Бунтовниците зазедоа поголема територија од источниот дел на Алепо во јули 2012 година, потиснувајќи ги владините сили кон запад, но изминатите месеци се мета на нови напади.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница