Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус уверува дека Франција е сигурна дека во Сирија неколку пати се користело хемиско оружје, односно гас сарин.
Ова тврдење е поткрепено од анализите кои се направени од страна на Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во соопштението за јавноста, Фабиус не кажа кој е одговорен за користењето на хемиското оружје. Единствено во него се вели дека „неприфатливо е одговорните за овие злосторства да бидат неказнети“.