Фабиус: ЕУ не е подготвена да ја интегрира Украина

Од:

Европската унија не е подготвена да ја интегрира Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус по враќањето во Париз од Украина, каде престојуваше заради инаугурацијата на Петро Порошенко за претседател.

– Порошенко одржа еден црвст проевропски говор, можеби повеќе проевропски отколку што земјите од ЕУ се подготвени да прифатат, изјави синоќа Фабиус.

– Порошенко рече дека договорот за асоцијација со ЕУ е првиот чекор кон членството на Украина во ЕУ, но од разговорите што ги имав со европските партнери станува јасно дека мнозинството не се за тоа. Нашето убедување е дека треба да кажеме вака: Украина е во Европа, но Украина треба да има добри односи истовремено и со ЕУ и со Русија, истакна францускиот министер.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала