Еврозоната воведува санкции кон Шпанија и Португалија

Од:

Министрите за финансии на еврозоната одлучија да ја покренат процедурата за санкции кон Португалија и Шпанија поради кршење на правилата за потрошувачка на ЕУ.

Тие сметаа дека ниту Португалија, ниту Шпанија не вложиле доволно труд за да го намалат буџетскиот дефицит, кој според правилата на ЕУ не смее да изнесува повеќе од три проценти од националниот БДП. Ова правило ЕУ го воведе во 1999 година, а досега ниту една држава не е казнета.

По донесувањето на одлуката за казнување, Европската комисија има рок од 20 дена да предложи начин и вид на казна, по што Шпанија и Португалија ќе имаат десет дена да ги изнесат своите контрааргументи и да побараат помилување од ЕУ.

И двете земји имаат висок процент на невработеност. На крајот на минатата година 22,1 проценти од Шпанците беше невработен според официјалните податоци, додека тој процент во Португалија изнесуваше 12,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени