Евростат: Во Бугарија и Франција има 60 отсто вонбрачно родени деца

Од:

Од земјите во Европската Унија, според податоците на Евростат, во Франција и Бугарија има највисок процент на вонбрачни деца, што изнесува, соодветно – 60 отсто и 58,5 отсто.

Бројот на новородените вонбрачни деца во ЕУ во 2018 година е 42 насто, што претставува зголемување за 17 отсто во однос на 2000 година. Во уште шест други држави членки на ЕУ повеќето од новородените деца се родени вонбрачно – Словенија – 58 отсто, Португалија – 56 отсто, Шведска – 55 насто, Данска и Естонија со по 54 насто и Холандија – 52 отсто.

На Балканот, по Бугарија следат Косово (38,7 отсто), Србија (26,8 отсто), Хрватска (20,7 отсто), С. Македонија (12,1 отсто) и Грција (11,1 отсто). За Албанија и Црна Гора нема податоци.

Сѐ ова, според Евростат, укажува на нов тренд во статусот на семејствата во споредба со потрадиционалните домаќинства, при што бебињата се раѓаат во брачни заедници.

Тоа е тренд во во повеќето земји членки на ЕУ. Највисок раст, сепак, има во Португалија и Шпанија, каде што 2018 година има околу 30 отсто повеќе новородени вонбрачни деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија