Eвропските зелени ја избраа германката Ска Келер за нивни кандидат за претседател на Европската комисија

Од:

Германката Ска Келер која ја предводи листата на европските зелени на идните европски избори заедно со Французинот Жозе Бове, е избрана за кандидат на оваа европска партија за претседателството на Европската комисија, како што предвидуваат новите европски правила, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Европската партија на зелените составена од 32 национални еколошки парти од 27 земји избраа за оваа предизборна кампања за изборот на новиот состав на Европскиот парламент да бидат предводени од една жена и еден маж, германката Ска Келер и французионот Жозе Бове.

Но, според последните информации, европските зелени се повеќе се определуваат нивни кандидат за претседателството да биде германката за која масовно се изјаснило бирото на партијата.

По усвојувањето на договорот од Лиасбон, претседателот на Комисијата од Брисел треба да биде избран во однос на резултатите од европските избори. Но, овој текст е интерпретиран различно во зависност од партиите, и општо земено партиите сметаат дека партијата која ќе победи на изборите ќе го даде кандидатот за идното претседателство на Европската комисија.

Тоа не ги спречува другите партии во ЕП да претстават свој кандидат, така Зелените веќе планираат да ја претстават Ска Келер кандидат за претседател на Комисијата.

Имено, Зелените се многу критични кон социјал-демократите предводени од Мартин Шулц, поради нивните отстапки за европскиот буџет за 2014-2020 година. Фактот што ќе имаат нивни кандидат за претседател на ЕК, е можност да ги претстават своите видувања за програмата на европската извршна власт.

Младата германска политичарка со данско потекло се разликува многу од другите кандидати за претседател на Европската комисија. Таа зборува повеќе јазици и е вегетеријанка.

Другите кандидати се Жан Клод Јункер на Народните парти, Мартин Шулц на европските социјалисти и гркот Алексис Ципрас на европската обединета левица.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски