Европските проекти на Урсула фон дер Лајен

Од:

Новиот претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е соочена со решавање итни проблеми – од реформа на правила на азил до Брегзит и трговските тензии со САД.

Европско законодавство за климата

Таа ветува „зелен пат“ во кој ќе биде првото европско законодавство за климата. Поддржува и поамбициозна цел за намалување на штетните гасови за 50, па дури и 55 отсто, до 2030 година. Таа предлага ЕИБ да биде трансформирана во „Европска банка за климата“ и поддржува план за инвестиции од илјада милијарди евра за следните десет години.

Миграција

Таа сака да предложи „нов договор за миграцијата и азил“ и засилување на европската агенција Фронтекс, со цел бројот на припадници во таа европска агенција да биде 10.000 до 2024 година.

Информациска технологија

Се очекува тимот на Фон дер Лајен да ја продолжи борбата против неограничено влијание на американските информациски гиганти.

Брегзит

Таа треба да стапи на должност на првиот ден во кој ЕУ нема да ја вклучува Велика Британија. ЕК ќе биде соочена со преговори за идните односи со Лондон.

Трговски тензии

Следната ЕК ќе се обиде да го зачува трговското примирје со САД, додека ЕУ ќе се обидува да го утврди статусот „водечки поборник за слободна трговија“.

Конкуренција

Новата ЕК ќе се занимава со реформа на европските правила за конкуренција и целта е да се олесни формирање големи европски фирми на светско ниво, како и адаптирање на сегашниот инструмент за решавање на проблемот со дигиталните технологии.

Владеење на законот

Новата ЕК ги продолжува процесите против Полска и Унгарија. Двете држави се обвинети дека преземаат акции спротивно на владеењето на законот.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска