Европскиот суд за човекови права ја одби жалбата на Брејвик

Од:

Европскиот суд за човекови права ја отфрли како неоснована жалбата на Норвежанецот, Андрес Беринг Брејвик, кој е незадоволен од нехуманите затворски услови.

– Судот во Стразбур утврди дека во неговиот случај не е откриена каква било повреда на Конвенцијата и ја отфрли тужбата како неприфатлива, бидејќи очигледно е неоснована, се посочува во соопштението на Судот.

Брејвик во 2011 година со огнено оружје и автомобил бомба уби 77 луѓе на островот Утоја и во центарот на Осло, поради што е осуден на 21 година затвор, што е максимална затворска казна во Норвешка.

Претходно, норвешкиот Врховен суд ја одби жалбата на Брејвик, кој е незадоволен од целосната изолација во затворот, со образложение дека десничарскиот екстремист не се покајал и оти може да ги нападне другите затвореници. На Брејвик му е дозволено да контактира само со адвокатите и со службените лица во затворот, како и со чуварите и здравствените работници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина