Европскиот парламент загрижен за случувањата во Турција

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Марти Шулц ја отвори декемвриската парламетарна сесија потсетувајќи дека слободата на печатот е фундаментална вредност на ЕУ, најавувајќи дека утре ќе се одржи дебата за слободата на изразување во Трција и неодамнешните мерки за репресија во однос на медиумите, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Ние сериозно ги сфаќаме нашите преговори со Турција, како земја кандидат и ние треба, како последица на тоа да ги потенцираме како проблемите, така и напредокот, изјави Шулц при отворањето на сесијата на Европарламентот.

Шулц, притоа ги осуди нападите врз опозициските медиуми во Турција, барајќи објаснување од турскиот амбасадор.

– Проблемите кои се однесуваат на слободата на печатот и слободата на изразување во Турција не се нови. Ние се среќававме со притисоци врз новинарите и социјалните мрежи по протестите на плоштадот Гези. И вчера, уште еднаш бевме сведоци на напади врз опозицискиот печат. Ние ја следиме ситуацијата од близу, рече Шулц.

Европскиот парламент го промени дневниот ред и за утре е најавена расправа за слободата на изразување во Турција и најновите мерки за репресија на медиумите.

На интернет страницата на ЕП се наведува дека е предвидено високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да даде се обрати пред европратениците. Гласањето за резолуцијата, според предвидувањата, би било дури по Нова година.

Предлагачот на резолуцијата, германската европратничка Ребека Хармс од редовите на зелените.

– Сите тие кои ги следеа вестите од Турција беа шокирани. Насилството и репресијата кон опозицискиот печат достигнаа високо ниво. Време е да се свика вонреден состанок по ова прашање, вели таа.

Реакции на осуда дојдоа и од другите политички групи на Европскиот парламент, така Патрик Ле Хиарик европратеник и директор на францускиот весник „Иманите“, исто така оцени дека тоа што се случува во Турција е неприфатливо.

– Според информациите кои ми доаѓаат, апсењата ќе продолжат. 150 новинари се во опасност. ЕУ мора да има јасна и чиста декларација за да му стави крај на оваа неправда, вели тој.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ