Европската унија се подготвува да воведе санкции за рускто жито

Од:

Европската Унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија за да ги смири земјоделците и некои земји-членки, објави денеска „Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори запознаени со планот.

Се очекува Европската комисија во наредните денови да воведе царина од 95 евра по тон за житарките од Русија и Белорусија, соопшти ФТ, додавајќи дека царини од 50 отсто ќе бидат воведени и за маслодајните семиња и производите од маслодајни производи.

Одлуката се очекува бидејќи земјоделците ширум Европската унија бараат промени во ограничувањата што им беа ставени според Зелениот план за справување со климатските промени и повторно воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа укинати по руската инвазија во 2022 година.

Како и голем дел од Европа, Полска, исто така, беше зафатена од протести во последните недели.

Полскиот премиер Доналд Туск исто така се заложи за забрана за увоз на руски и белоруски земјоделски производи во Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ