Европската Унија годинава ќе додели грант од милијарда евра кои државата која сеуште е под полувоен режим ќе треба да ги инвестира во развој на руралните населби, инфраструктурата, унапредување на образованието и обезбедување на мир. Грантот е дел од програмата на ЕУ, според кој од 2.014 до 2.020 на поранешна Бурма, по укинување на воената управа ќе и се помага во транзицијата кон демократија.
Европската Унија во 2013 година ги укина санкциите кон Мјанмар, а најголем дел од средствата за помош во обновата на демократијата и економијата на Мјанмар ќе обезбедуваат Италија, Норвешка, Финска, Белгија и Австрија.
Медиумите во Мјанмар, кои сеуште се под строга контрола на државата, денеска објавија дека таа држава минатата година добила финансиска поддршка од странство од 8,1 милијарди долари, речиси двојно повеќе од претходната година.Тоа е најголемата сума што Мјанмар ја добил од 1.988 година на ваму, кога државата се отвори за странските инвеститори.