Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Од:

Во средината на март, Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ.

Ова денеска во Киев го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Веќе го започнавме процесот на скрининг. Има многу работа и голем распоред. Ве охрабрувам да ги следите препораките на Европската комисија. Од наша страна, ние, Европската комисија, ќе обезбедиме општа рамка за преговори во средината на март“, рече Фон дер Лејен на прес-конференција.

Претседателката на Европската Комисија нагласи и дека нејзината посета на Украина сведочи за непоколебливата поддршка на Европската Унија на долг рок. Таа претходно изјави дека рамковните услови ќе бидат готови на почетокот на летото.

За време на самитот во Брисел во средината на декември, лидерите на ЕУ одлучија да започнат преговори за членство со Украина и Молдавија. Европскиот совет ја задолжи Европската Комисија да подготви рамковни услови за почеток на преговорите со Украина врз основа на анализата на имплементацијата на препораките презентирани од Европската Комисија во извештајот за проширувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина