Европската комисија ќе финансира 128 милиони евра на истражувачки проекти во борба против Ковид-19

Од:

Европската комисија ќе поддржи 23 нови истражувачки проекти во вредност од 128 милиони евра како одговор на пандемијата на Ковид-19.

Финансирањето во рамките на програмата за истражување и иновација на ЕУ „Хоризонт 2020“, е дел од заложбата на Комисијата за глобален одговор на коронавирусот.

Таквата инцијатива беше започната од претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен во мај, оваа година.

23-те проекти на потесен избор за финансирање вклучуваат 347 истражувачки тимови од 40 земји, вклучувајќи 34 учесници од 16 земји кои не се дел од унијата.

Финансирањето ќе треба да им овозможи на истражувачите да се справат со пандемијата и нејзините последици преку зајакнување на индустрискиот капацитет за производство и распоредување на лесно достапни решенија, за развој на медицински технологии и дигитални алатки како и за подобрување на разбирањето на социо-економските влијанија на пандемијата.

Овие активности на истражување треба да ги надополнат претходните напори за развој на дијагностика, третмани и вакцина, како крајно решение против Ковид-19, сметаат од ЕК.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ