Европската инвестициска банка нема да инвестира во плински наоѓалишта, туку само во обновлива енергија

Од:

Европската инвестициска банка (ЕИБ), инвестицискиот огранок на ЕУ, соопшти дека и покрај моменталната неизвесност околу снабдувањето со енергија за Европската унија, таа повеќе нема да финансира проекти за природен гас, туку само за обновливи извори на енергија.

-Нашата политика е да престанеме да инвестираме во гасот. Сакаме 50 отсто од нашите средства да се инвестираат во зелена транзиција, во животната средина, изјави Јоанис Калцас, шеф на одделот на ЕИБ задолжен за Грција и Кипар.

„ЕИБ е трансформирана, ние ја нарекуваме „климатска банка““, рече тој за време на конференцијата „Регионален раст“ организирана од Европскиот парламент во грчкиот град Патра.

Неговата изјава доаѓа во време кога владите на 27-те земји членки на ЕУ бараат алтернативни начини за снабдување со гас за да ја намалат зависноста од Русија, главен извозник на нафта и гас. Акционери на ЕИБ се земјите членки на ЕУ.

Жителите ширум Европа се погодени од зголемените цени на енергијата откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Аврам Зелилидис, професор по нафтена геологија на Универзитетот во Патрас, вели дека е неопходно на краток рок да се продолжи со експлоатација на гасот и нафтата во ЕУ, бидејќи граѓаните се тешко погодени и за Зелениот договор треба да се размислува на долг рок.

-Што ќе правиме денеска, дајте ми решение за денеска, не за утре, рече тој за време на презентацијата.

Хелен Крај, шеф на одделот за транзиција на чиста енергија на Европската комисија, не даде конкретен одговор, велејќи дека „во краток рок луѓето треба да се загреат“, но дека треа да се реши „зависноста од изворите на јаглеводороди“.

-Мораме да инвестираме многу во обновливи извори, да речеме во соларни ќелии, рече таа. „Во Грција има можности за подобро искористување на сончевата и ветерната енергија. Неопходно е да се зголеми нивната ефикасност“, додаде таа.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, сака целосно да ги прекине емисиите на стакленички гасови до 2050 година преку Европскиот зелен договор, со што ќе се запрат климатските промени и уништувањето на животната средина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот

Катерина Ѓуровски

Струја за 100 000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања објави Владата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во ветерниот парк од 450 милиони евра ќе донесе нови 100 милиони евра во БДП

Домашни банкари ќе вложат 60 милиони евра во приватен ветерен парк во светиниколско

Жарко Настоски

Нафтениот гигант БП вложува милијарда долари во струја од ветерници

Жарко Настоски

АД ЕЛЕМ подготвен за втората фаза од Ветерен парк „Богданци“

Наум Локоски