Европската централна банка до крајот на годината нема да ја менува основната камата

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека планира сегашната рекордно ниска основна каматна стапка да не ја менува до крајот на годината, во услови на неизвесни перспективи на економијата во Еврозоната.

Како што јави ДПА, основната каматна стапка на ЕЦБ повеќе од три години е на ниво од нула проценти.

Во соопштението на Банката се посочува дека „висината на основната каматна стапка на ЕЦБ ќе остане на сегашното ниво најмалку до крајот на 2019 година“, со цел да се обезбеди инфлацијата во Еврозоната да изнесува околу два проценти.

Првично беше предвидено ЕЦБ да започне со зголемување на својата основна каматна стапка кон средината на годинава, но под притисок на забавениот раст во Еврозоната и помалата инфлација, таа се откажа од таквите планови.

Стапката на инфлација во Еврозоната на годишно ниво во март изнесуваше 1,4 отсто, што претставуваше намалување во однос на февруарските 1,5 проценти. Аналитичарите предвидуваат стапката на инфлација да биде на ова ниво и во следните месеци, поради очекувањата цените да останат стабилни.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка