Групата на Европска народна партија (ЕПП) избира претседателство – претседател и 10 заменици-претседатели за периодот 2017-2019 година, соопшти прес-службата на ЕПП.
Европарламентарецот Манфред Вебер, кој е претседател на Групата на ЕПП од 2014 година, беше реизбран со огромно мнозинство од членовите на ЕПП, со дури 97,8 отсто од гласовите.
Новото претседателство ќе се состои од Лара Коми (Италија), Естер де Ланхе (Холандија), Марија Габриел (Бугарија), Естебан Гонзалес Понс (Шпанија), Франсоаз Гростет (Франција), Сандра Калниете (Летонија), Мариан-Жан Маринсеку (Романија), Паоло Рангел (Португалија), Јозеф Штаер (Унгарија) и Тадеуш Звиевка (Полска).
– Изборот на нашето претседателство е силен сигнал за единството на нашата група. Претстојните 12 месеци ќе бидат одлучувачки за Европа. За да се спротистават на популизмот, земјите-членки на Европска унија треба да се разбудат. Тие треба да преземат одговорност. Ние треба да покажеме дека Европа може да постигне резултатите и да постигне решенија. Нашата порака до Турција исто е многу јасна: преговорите за членство треба итно да бидат замрзнати, посочи Вебер.