Европска комисија: Унијата е подготвена за Брегзит без договор, но Лондон ќе загуби најмногу

Од:

Европската комисија соопшти денеска дека ЕУ е подготвена за Брегзит без договор и дека од таква варијанта најмногу би загубила Велика Британија.

– Комисијата во овој момент не смета дека е неопходно да се преземаат дополнителни мерки за подоготвка на такво сценарио, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто.

– Брегзит без договор очигледно ќе направи големи потешкотии како за граѓаните така и за компаниите бидејќи ќе има значително негативни последици на економски план. Тие многу посилно ќе се почувствуваат во Велика Британија отколку во 27-те членки на Европската унија, изјави Берто.

Таа додаде дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер смета дека ако се спроведе брегзит без договор, Британците ќе загубат најмногу.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина