Европска комисија предлага четири месеци породилно отсуство за татковците

Од:

Европската комисија предлага нова Директива за усогласување на приватниот и деловниот живот на родителите, заради обезбедување поголемо ниво на рамноправност меѓу половите во земјите-членки на ЕУ, пред се на пазарот на труд.

Со директивата, за кој во рамките на ЕУ се води жестока расправа, се предлага најмалку четири месеци породилно отсуство кое мора да го искористи таткото и не може да го пренесе на мајката, како и најмалку 10 дена платено отсуство за таткото по раѓањето на детето.

Со Директивата се предлага и воведување отсуство заради грижа за болен роднина од најмалку пет дена годишно, како и можност за користење на родителско отсуство до 12. година од животот на детето, како и правото секој родител, кој има дете до 12 години, да побара можност да работи од дома или некој друг флексибилен начин на работа.

Потребата од усвојување ваква Директива се објаснува со тоа што во сите земји-членки на ЕУ, има значително помалку вработени жени отколку мажи, а истражувањата покажуваат дека тоа се должни на зголемените обврски околу домот, семејството и децата, како и грижата за блиски роднини.

Директивата се предлага со цел нивото на обврски кон семејството порамномерно да се подели меѓу жените и мажите.

Сепак, според прелиминарните мислења доставени од Холандија, Португалија и Данска се оценува дека со Директивата премногу се задира во националните законодавства и дека родителските или отсуства заради грижа за друго лице, мораат да се договорат меѓу социјалните партнери во рамките на националното законодавство.

Чешка, Романија и Италија се согласни со предлозите.

За да се усвои, неопходен е консензус од сите членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска