Литванскиот европратеник Антанас Гуога му предложи на лидерот на британската евроскептична Партија за независност на Обединетото кралство, Најџел Фараж да се обложат дека на референдумот на 23 јуни Британците ќе изберат на останат во ЕУ.
– Толку сум убеден дека Британците ќе го направат она што треба и ќе изберат да останат во ЕУ. Затоа се обложувам со вас на еден милион евра, кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели, пишува Гуога во денешното писмо до Фараж.
Гуога, познат уште како Тони Џи, е поранешен професионален играч на покер, кој често пати ги донирал паричните добивки во хуманитарни организации. Тој беше избран за европратеник во 2014 година.
Засега Фараж не му одговорил на писмото.