Европратениците усвоија Резолуција за одложување на преговорите за Брегзит

Од:

Европскиот парламент денеска повика да се одложат преговорите за Брегзит, откако предупреди дека „не е постигнат доволен напредок” во клучните области, вклучувајќи ги и правата на граѓаните и т.н. „сметка за разводот“.

Европратениците со големо мнозинство ја поддржаа Резолуцијата во која се вели дека не е постигнат доволен напредок во врска со клучните прашања за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Тие предупредија дека сега е потребен „голем напредок” за да се обноват разговорите.

Гласањето претставува удар за британската премиерка Тереза Мај, која се надеваше дека нејзиниот говор во Фиренца ќе делува како катализатор во разговорите за идните односи меѓу Велика Британија и Брисел, оценува „Индепендент“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година