Европратениците предлагаат продолжување на преодниот период по Брегзит

Од:

Високопозиционирани претставници на Европскиот парламент ја повикаа Велика Британија да прифати продолжување на рокот на важење на привремениот договор со ЕУ за трговските прашања.

Дојче Веле јави дека потпретседателката на ЕП, Катарина Барли, истакна дека Лондон се судрува со двојно оптоварување, прво поради Брегзит, а потоа и поради новиот вид на коронавирус, па затоа смета дека преодниот рок треба да се продолжи.

Според Барли, Европската унија „подава рака“ со предлогот за продолжување на преодниот рок. Одлуката сега е во рацете на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да го прифати предлогот. Преодниот период за време на кој Велика Британија ужива во трговските преференции на членка на ЕУ истекува на 31 декември 2020 година.

И европратеникот Дејвид Мекалистер изрази загриженост за критичната состојба предизвикана од новиот вид на коронавирус. Претседателот на трговскиот комитет на ЕП, Бернд Ланге го поддржа предлогот, но истакна дека Лондон веројатно нема да го прифати.

Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за односите по Брегзит продолжија и вчера, без разлика што истече крајниот рок. Европскиот парламент сега и нема да може да го ратификува идниот договор до крајот на годината по брза постапка, доколку тој и биде постигнат.

Брисел и Лондон не успеаја да се договорат за правото на компаниите од ЕУ да рибарат во британските води. Покрај тоа, другите спорни прашања вклучуваат еднакви услови и санкции за кршење на идниот договор за Брегзит. Доколку договорот не се постигне двете земји од 1 јануари воведуваат меѓусебни царини, што според експертите ќе има сериозни негативни последици и за економијата на ЕУ и на Велика Британија.

На крајот на минатата недела, ЕП почна со подготовките за ваквото сценарио, а европратениците изгласаа голем број итни мерки во областите риболов, безбедност на летовите и воздушен и копнен транспорт во случај да не се постигне договорот за трговија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска