Европол: Во Европа исчезнале најмалку десет илјади деца бегалци

Од:

Најмалку десет илјади деца бегалци, кои не биле придружувани од своите родители исчезнале откако стигнале во Европа, соопшти денеска европската полициска агенција Европол.

Постојат сомневања дека голем број од нив паднале во рацете на организирани криминални групи за трговија со луѓе, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Директорот на Европол Брајан Доналд изјави дека илјадници малолетни бегалци исчезнале, откако биле регистрирани од државните власти.

– Само во Италија исчезнале пет илјади деца, додека во Шведска илјада деца се водат како исчезнати, нагласи Доналд и предупреди дека софистицираната сеевропска криминална инфраструктура сега своето внимание го насочила кон бегалците.

– Не е претерано да се каже дека во моментов трагаме по повеќе од десет илјади деца. Сите тие нема да бидат искористени за криминал, некои од нив се можеби предадени на членови на нивните семејства. Но ние не знаеме каде се тие, што прават и со кого се, истакна директорот на Европол.

Во Европската унија минатата година влегле 26 илјади деца без родителска придружба.

Европол, кој има повеќе од 900 разузнавачки аналитичари и полциски службеници, верува дека малолетниците се околу 27 отсто од околу милион бегалци, колку што лани пристигнале во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски