Европол: Во ЕУ дејствуваат 3.600 криминални групи

Од:

Европската полициска служба – Европол идентификува 3.600 организирани криминални групи кои во моментот се активни во ЕУ и посебно укажа на новите криминални феномени, кои се олицетворение на новото глобално општество.

Во денеска објавениот извештај на Европол се истакнува дека меѓународната трговија со дрога остана најголема активност на организираниот криминал, меѓутоа, предупредено е и на новите криминални феномени, во голем дел поврзани со економската криза и Интернетот.

Новиот развој на случувањата ја менуваат природата на организираниот криминал според моделот заснован на вмрежена заедница на хетерогени, меѓународни групи, наведено е во студијата.

– Се појави нов вид на организирани криминални групи во Европа, способни да оперираат во повеќе земји и во повеќе криминални сектори. Тие групи не се повеќе одредени со нивната национална припадност или специјалност во некоја област на криминалот, туку способноста да оперираат на меѓународна основа, со работи кои донесуваат максимален профит и минимален ризик, рече директорот на Европол Роб Вејнрајт.

Во студијата на Европол се наведуваат низа препораки засновани на длабоки анализи на најголемите криминални закани со кои ЕУ се соочува.

Посебно внимание земјите-членки на ЕУ треба да обрнат, како што е наведено во студијата, на полето на илегалните имиграции, трговијата со луѓе, фалсификувањето стока со влијание по здравјето, кибер криминалот, перењето пари.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица