Европол уапси 103 лица во најголемата операција против мрежа за трговија со луѓе во ЕУ

Од:

Европските полициски службеници уапсија во координирана акција во десет држави над сто лица во рамки на најголемата операција против межа за трговија со луѓе во историјата на Европската унија.

Над 1.200 полицајци учествувале во операциајта, спроведена завчера на на 117 места истовремено и уапсиле 103 лица, откако десетте земји соработувале во период од една и пол година за пронаоѓање и апсење на осомничените. Во операциајта се уапсени осомничени лица од Унгарија, Германија, Грција, Косово, Полска, Словачка, Турција, Франција, Хрватска и Чешка.

Трговците со луѓе, кои биле стационирани во Косово и имале врски со труското подземје, биле специјализирани во трговијата на мигранти во Европа од Блискиот Исток, особено од Либија, Сирија и Ирак за илјада евра по лице, изјави полициски претставник на вчерашната прес-конференција во Унгарија.

Мигрантите, меѓу кои и деца, биле сместувани во тесни простори на туристички автобуси, камиони и бродови, а понекогаш требало да минуваат преку шумски предели во зимски услови за да ги преминат границите изјавија претставници на полициите на различните земји, кои учествуваа во операцијата. Мигрантите понекогаш умирале за време патувањето, а во еден од тие инциденти 16 лица се удавиле во реката Тиса во близина на границата меѓу Србија и Унгарија во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“