Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19

Од:

Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19.

Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот.

Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа посочи и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта.

И Интерпол на почетокот од месецот исто така објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

„Европол“: Драматично зголемување на нападите врз банкомати

Катрин де Бол: Трикратно зголемување на размената на информации меѓу Бугарија и Европол

А1он

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5