Европол: Најмалку 30.000 луѓе се вмешани во шверц на имигранти и бегалци во Европа

Од:

Постојат најмалку 30.000 лица вмешани во шверц на имигранти и бегалци во Европа, изјави за грчкиот весник „Катимерини” директорот на Европол Роб Вајнрајт.

Во интервју за весникот по неодамнешните посети на Атина и на островот Кос, Вајнрајт истакна дека има забележително зголемување на бројот на криумчарски мрежи, при што, само оваа година властите регистрирале 30.000 осомничени.

Според него, бандите обично се формирани од ситни криминалци од Сирија, Турција, Ирак и Грција. Шефот на Европол рече дека 15 Сиријци и Египќани, кои беа уапсени во Атина во март заработиле 7,5 милиони евра од трговија со луѓе.

Роб Вајнрајт посочи дека  бандите често се занимаваат и со друг вид шверц, како шверц на оружје и дрога.

Според него, меѓу грчките власти и Европол има брза размена на информации, што ги прави истрагите поефикасни.

Би можело да ве интересира

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Европол: Откриена е илегалната банкарска мрежа предводена од двајца Украинци