Европол: Меѓу 3.000 и 5.000 Европјани се на џихад

Од:

Меѓу 3.000 и 5.000 Европјани се на џихад во држави како Сирија и може да бидат закана по враќањето во европските држави, изјави синоќа Роб Вејнрајт директор на Европол.

– Зборувам за околу 3.000 до 5.000 граѓани на Европската унија, изјави тој одговарајќи на прашање од Комисија за внатрешни работи на британскиот парламент за бројот на луѓе кои од Европа заминале да се борат на Блискиот исток на страна на екстремистите.

Тие луѓе според него, се опасност за безбедноста во нивните држави доколку се вратат во нив.

– Јасно е дека се работи на голем број воглавно, млади мажи кои имаат можност да се вратат и можност или намера и капацитет да извршат напади како оној во Париз од минатата недела, додаде тој.

Европол веќе има имиња на 2.500 осомничени.

Вејнрајт вели дека социјалните мрежи се средство за регрутација како и средство за пропаганда оценувајќи дека интернет се користи на многу поагресивен начин отколку порано.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер