Европарламентот ја одобри реформата на авторските права на интернет

Од:

Наспроти интензивното лобирање на дигиталните гиганти, како Гугл и Амазон, европратениците денеска сепак ја поддржаа реформата на авторските права во дигиталната ера.

Идејата зад оваа реформа е да се модернизираат авторските права и да се поттикнат големите платформи, како Гугл, Амазон и Фејсбук, подобро да ги плаќаат оние кои креираат содржини на интернет и истовремено да се етаблира „соседно право“, кое ќе им овозможи приход на новинските агенции и весници кога се преземаат нивни содржини на интернет.

По денешното одобрување во Европарламентот, предлогот сега треба допрва да биде предмет на меѓуинституционални преговори во ЕУ, за време на кои несомнено битката на лобирањето помеѓу авторите и големите интернет платформи ќе продолжи со ист интензитет.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина