Европарламентот бара судења за одговорните за илегалното предавње лица на ЦИА

Од:

Европратениците изразија загриженост во врска со „рамнодушноста на земјите членки и европските институции” кон „бројните кршења на човековите права и тортурите”, при акциите за „предавање“ на лица осомничени за тероризам на ЦИА на територијата на Европа во периодот меѓу 2001 и 2006 година.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во незадолжителната резолуција, Европскиот парламент ги поттикнува властите да ги истражат овие прекршоци и да ги изведат пред лицето на правдата одговорните или соучесниците,.

Во резолуцијата усвоена со 329 гласови „за“, 299 „против“ и 49 „воздржани“, пратениците ги повикуват земјите членки на ЕУ „со целосна транспарентност да ги испитаат наводите за постоење на тајни затвори на нивните територии, во кои поединци биле држени во рамки на програмата на ЦИА. Пратениците се загрижени дека држењето на „нелегитмни документи“ под ознаката доверливи резултира со „неказнивост пораду кршењето на човековите права”.
Пратениците, исто така, побараа други истражни мисии да се организираат од страна на Парламентот во земјите членки идентификувани како соучесници на програмата за задржување и распит на ЦИА, како Литванија, Полска, Италија и Велика Британија.

Европратениците изразија жалење што повеќе од една година од денот на објавувањето на извештајот на американскиот Сенат за програмата за враќање или предвање, ниту едно одговорно лице за ова не е повикано на одговорност.

Европарламентот, исто така, жали што затворот во Гвантанамо не е затворен и ги повикува властите во САД да одржат фер судења и да ја забранат тортура, држењето на затвор без судење и тоа во сите околности. Земјите членки на ЕУ треба да им понудат азил на затвореници кои ќе бидат официјално ослободени, се додава во Резолуцијата.

Пратениците побараа од Европската Комисијата и Советот на ЕУ да поднесат извештај до Европарламент за резултатите на истрагите и судските гонења во земјите членки пред крајот на јуни 2016 година.

Оваа нова необврзувачка резолуцијата на Европарламентот следи по резолуцијата од 11 февруари 2015 година во врска со извештајот на Сенатот на САД за тортурата од страна на ЦИА.

Европарламентот во неколку наврати истакна дека при борбата против тероризмот мора да се почитуваат владеењето на правото, човековото достоинство, човековите права и основните слободи. Тој остро ја осуди програмата на тајни затвори и предвањата на лица осомничени за тероризам на ЦИА и во неколку наврати повика на темелна истрага за вклучување на земјите членки на ЕУ во овие програми.

Повеќе европски земји, меѓу кои Македонија беа посочени од Европарламентот и Советот на Европа за учество во оваа програма, а Европскиот суд за човекови права донесе и неколку пресуди, меѓу кои и една против Република Македонија за случајот Ел Масри.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он