Европа се уште не го достигна врвот на епидемијата, тврди Европскиот центар за контрола и превенција на болести

Од:

Ковид-19 се уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите, пренесуваат британските медиуми.

Во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, се наведува дека бројот на мртви од сите прични, вклучувајќи го и Ковид-19, е поголем од очекуваниот и тоа во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија , и тоа во најголема мера кај луѓе постари од 65 години.

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на умрени, во споменатиот извештај на Агенцијата се наведува дека „ во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата“.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција од болести, Андреа Амон, изјави дека со оглед на постојните достапни докази може да се очекува натамошно континуирано ширење на вирусот,.

„Се уште е рано за укинување на сите мерки за физична дистанца“”, се додава во извештајот.

Овој извештај е во корелација со денешната изјава на директорот на СЗО за Европа, Ханс Круге, која кажа дека состојбата во регионот „ е многу загрижувачка“. Круге денеска од владите побара внимателно да го разгледаат потенцијалното укинување на мерките со кои на граѓаните им се ограничува движењето.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани