Европа се надева на крај на пандемијата, се повеќе земји ги укинуваат рестрикциите

Од:

Во Европа се повеќе расте оптимизмот дека се ближи крајот на пандемијата со Ковид-19, поради што се повеќе држави ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки, но експертите апелираат за внимателност.

Појавата на сојот Омикрон кон крајот на минатата година, што е позаразен, но помалку опасен, за многумина е индикатор за крај на панедмијата. Бројот на заразени сè уште е голем, но има помалку хоспитализирани, а се намалува и бројот на починати. Тоа првично тоа е случај во државите каде поголемиот дел од населението е вакцинирано против Ковид-19.

Речиси сите епидемиолошки мерки се укинати во Велика Британија, во Франција, во Данска, во Норвешка и во Шведска.

Причина за оптимизам е и што поединечни фармацевтски компании произведоа таблети против Ковид-19.

Но, експертите потенцираат дека сè уште треба да се биде внимателен, бидејќи сојот Омикрон предизвика смрт на голем број луѓе, пред сè кај невакцинираните.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски