Европа на точка на топење по топлотниот бран од Сахара

Од:

Топлотниот бран кој од Сахара дојде во Европа ги зеде и првите жртви. Во Шпанија загина 17-годишно момче и 80-годишен маж. Живата во термометарот во Франција се искачи до 45,8 степени, што е рекордна температура во таа земја за овој период од годината. Доста топло е и во Италија, Германија, Полска и Чешка. Во Каталонија беснеат пожари, најголеми во последните 20 години.

Во европските држави се бележат рекордни температури, се прогласуваат вонредни состојби и се повикуваат граѓаните да престојуваат под сенка и да се разладуваат. Топлотниот бран предизвика и ненадејни поплави и шумски пожари, авиони остануваат приземјени поради оштетувања на пистите, а железничките пруги се криват под жешкото сонце. Училишта се затвораат, а локални власти предупредуваат на полош квалитет на воздухот.

Експертите појаснуваат дека топлотниот бран во северна Европа се формира кога високиот атмосферски притисок ќе го привлече жешкиот воздух од северна Африка. Овојпат, исклучително топол воздух пристигнува од Сахара, јави Би Би Си.

– Ведрото небо влијаеше силното јунско сонце непречено да ја грее земјата, дополнително зголемувајќи ја температурата, објасни Тимоти Хјусон, раководител на метеоролошкиот тим во Европскиот центар за среднорочна временска прогноза. – Ваквите услови придонесоа да има помалку испарувања, кои обично ја ладат земјата, појасни тој.

Топлотните бранови не се невообичаена појава, но метеоролозите истакнуваат дека тие се зајакнуваат од глобалниот раст на температурата и оти во иднина ќе бидат почести.

Топлотните бранови можат да бидат опасни, бидејќи ја намалуваат способноста за телесна регулација на температурата. Високите температури можат да загрозат сечие здравје, но дехидрацијата, исцрпеност од горештина и топлотен удар можат да бидат смртоносни за лицата кои страдаат од хронични болести, како и за децата и повозрасните лица. Доколку телесната температура се зголеми над 40 степени, можен е топлотен удар, за кој е потребна итна медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани