Европа и формално ќе забрани прелети над Белорусија

Од:

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) денеска повторно издаде насоки за користење на воздушниот простор на Белорусија, апелирајќи до земјите-членки на ЕАСА формално да им забранат на своите авиокомпании прелети над Белорусија.

Во билтенот со информации за безбедноста издаден од ЕАСА им се препорачува на операторите да го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија по инцидентот на 23 мај.

– Националните власти треба да им кажат на авиооператорите дека не се дозволени прелети над Белорусија, освен ако е неопходно во непредвидени околности, се наведува во директивата на ЕАСА.

ЕАСА наведува дека се уште има оператори кои прелетуваат над Белорусија.

На 23 мај авион на Рајанер, што сообраќаше од Атина за Вилнус, принудно слета во Минск по дојава за поставена бомба. По слетувањето беше уапсен белорускиот новинар Роман Проташевич и неговата девојка, која е државјанка на Русија.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он