Европа допрва ќе страда од климатските промени предупредуваат властите

Од:

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) денеска објавува сеопфатна анализа за последиците од климатските промени во Европската Унија во идните децении: екстремни температури, суши, пожари, поплави… состојбата е алармантна, предупредува агенцијата.

Анализата на агенцијата објавува низа мапи врз основа на бројни научни податоци од последните децении. Заклучокот е јасен: климатските промени ќе се интензивираат во наредните години на европскиот континент.

-Климатските промени се случуваат сега и ќе стануваат посериозни во иднина дури и ако глобалните напори за намалување на стакленичките гасови бидат ефикасни. Сепак последиците ќе бидат многу помали доколку напорите за намалување на емисиите успешно го задржат зголемувањето на глобалните температури значително под два степени. Секое сценарио со повисоки емисии ќе донесе значително поголема промена на климата, предупредува ЕЕА.

Европските земји можат да очекуваат почести и поинтензивни топлотни бранови, поплави, суши, што ќе има директни негативни последици врз екосистемите, но и врз здравјето на граѓаните и економијата.

Секоја земја и секој регион во Европа се соочува со специфични услови и ризици и потребно е на време да се изгради долгорочна стратегија за намалување на ризиците и ублажување на последиците.

Во извештајот на агенција се анализирани состојбите во секоја од земјите членки на Европската Унија со процени за иднината и препораки.

Посебно ранливи се централна Европа, Иберискиот полуостров, Скандинавија, Бретања и Венеција, но сите региони и земји се на еден или друг начин потенцијално загрозени од специфични метеоролошки и климатски феномени.

Без навремени промени, јужна Европа и Балканот се соочуваат со голем ризик од суши и шумски пожари додека централна Европа е под закана од сѐ поголеми и поинтензивни поплави.

Агенцијата ги анализира состојбите во секоја од земјите членки на ЕУ поединечно врз основа на податоците од националните институти и власти.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ