Еврокомисијата со тужба против Унгарија поради законите за високо образование и за невладини организации

Од:

Поради законските измени за невладините организации и високото образовани, Европската комисија ќе покрене тужба против Унгарија во Судот на ЕУ. Тужбата е за законите кои добија на гласност по ограничувањето на дејноста на невладини организации и Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, кои се финансирани од Џорџ Сорос.

Според Еврокомисијата, Унгарија ги нарушува клучните одредби од европските договори и во двата случаи. Минатиот месец, Џорџ Сорос го прозва премиерот Виктор Орбан дека разгорува омраза само за да остане на власт.

Со измените во законите, властите бараат од неевропските универзитети стационирани во земјата и од странските невладини организации да обезбедат детални информации за финансирањето и јавно да покажат во сите свои публикации дека се поддржани од странство.

Брисел ѝ даде време на Унгарија уште во текот на летото да го промени законот за високо образование и се закани дека во спротивно ќе следи тужба, а можни се и понатамошни санкции. За законот за високото образование, Комисијата оцени дека е „спротивен на правото на академска слобода, на правото на образование и на слободата да се прави бизнис”.

Од Европската Комисија денеска соопштија дека Будимпешта не ги спровела потребните реформи. Според Еврокомисијата, што се однесува на законот за високото образование, тој „несразмерно ги ограничува универзитетите од ЕУ и (од земји) надвор од ЕУ” и не е компатибилен на правото на високи образовни институции да се стационираат каде сакаат во Унијата и да ги нудат своите услуги согласно Членот 56 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Според еврокомисијата прекршена била и слободата за водење бизнис, пропишана во Повелбата за основните права на ЕУ и во правните обврски на ЕУ според меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта