Европската комисија предложи измени во Директивата за канцерогени агенси и мутагени фактори, чија цел е да се ограничи изложеноста на работниците на 13 канцерогени хемиски супстанции, соопшти денеска еврокомесарот за вработување и социјална политика Маријан Тејсен.
Тејсен нагласи дека канцерот е на првото место на листата на причинители на смрт поврзани со работната средина во ЕУ со дури 53 проценти од сите регистрирани смртни случаи, со што тој претставува најголем ризик по здравјето на работниците.
– Канцерот во голема мерка ги погодува работниците, нивните семејства, индустријата и општетството, истакна Тејсен.
Таа додаде дека со предлог-измените на Директивата во следните 50 години ќе бидат спасени 100.000 човечки животи во ЕУ.
– Заштитата на работниците е меѓу главните определби на Европската комисија во напорите за изградба на една силна социјална Европа, порача Тејсен.