Еврокомисијата без коментар за третманот на бегaлците во Унгарија

Од:

Во Европската комисија денеска не сакаа да ги коментираат новите мерки на Унгарија против бегалците, ниту намерата на унгарските власти со сила да ги враќаат во Србија.

– Побаравме од Унгарија да ни ги разјасни новите закони и како ќе бидат применувани, изјави пред новинарите потпаролката на Eврокомисијата Наташа Берто, одговарајќи на прашањето дали сетот закони кој утрово стапи во сила е во согласност со европските правила.

Новите закони вклучуваат и поголеми овластувања за полицијата и војската да ги спречат бегалците да влезат во Унгарија и затворски казни за оние кои илегално ќе ја минат границата.

Берто рече дека нема да ги коментира законите додека не стигне објаснување од унгарските власти и додека европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Димитрос Аврамопулос не се врати од претстојната посета на Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија