Еврокомесарот Курс со поддршка до демонстрантите во Унгарија кои протестираат против давачки за користење интернет

Од:

Еврокомесарот за нови технологии Нели Крус ќе продолжи да дава поддршка за протестите во Унгарија против воведувањето давачки врз користењето интернет. Тоа на прес конференција го изјави Рајан Хијт, портпарол на Крус.

– Не станува збор за тоа дали воведувањето такви давачки е законско или не, тоа е дел од преземена од пред извесно време владина насока за ограничување на слободите, без да има цел подобрување на состојбата во економијата, нагласи портпаролот.

– Не е добро луѓето да бидат оттргнувани од интернет, се бориме за повеќе дигитализација, додаде тој.

– Секоја влада која ќе преземе такви чекори ќе искомпликува многу…Тоа е погрешен потег. Воведување финансиски бариери е само една од пречките за достап до интернет. Ако Унгарија воведе давачки, тоа ќе биде преседан и доколку и други такви случаи се појават во Европа, тоа лошо ќе се одрази врз економскиот раст, нагласи Хијт.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија