Еврокомесарот Кањете се залага за изградба на Јужен коридор наместо за Јужен поток

Од:

Европскиот комесар за енергетика Мигел Аријас Кањете вчера во Европскиот парламент изјави дека „за енергетска безбедност во Европската унија треба да се изгради мрежа гасоводи Јужен коридор, бидејќи Јужен поток нема да биде изграден се додека се не се усогласи во прописите на ЕУ.

Тој истакна дека „многу добро е да се изгради Јужен поток, но оти нужно е да се усогласи со законите“.

– Приватниот сектор мора под итно да инвестира во Јужен коридор, посочи новоизбраниот еврокоесар Кањете, образложувајќи ја идната програма за работа пред пратениците на ЕП, кои треба да ги потврдат сите комесари.

Јужниот коридор би имал два гасоводи, преку кои гасот, независно од рускиот гасовод, од Каспискиот Басен и централна Азија би пристигнувал преку Турција, Грција и Албанија во Италија и понатаму во земјите-членки на ЕУ. Со тоа би се зајакнало поврзувањето на енергетската мрежа на земјите-членки на ЕУ и би се намалила зависноста од руски гас.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски